Ременски: Се е на маса!

„Барањата од опозицијата – лидерот на опозицијата влезе брзоплето во таквите барања, без државничка проценка. До идната недела, до рокот за распишување на предвремените избори, се е на маса и се надевам дека лидерот на опозицијата ќе се стави над партиските интереси“, кажа Ременски.

„ВМРО-ДПМНЕ ја испушти шансата да му објасни своето членство за манупулативните изјави дека нема да настане апокалипса и дека земјата ќе пропадне или дека ќе се изгуби македонската нација“.

„Мене ми е многу жал што не успевме да допреме до граѓаните и да им објасниме дека на референдумот не се оценуваат владините политики или на локалните власти. Но, и да не се занемари и тоа дека на секои избори околу 38% од гласачите не излегуваат на гласање, а тоа е околу половина милион гласачи“.

„Првпат слушам опозиција да поставува услови за да оди на избори. Поставување на услови за уставни измени мене ми е логично, но нивелација се бара во услови кога можете тоа да го барате. Сега кога прстот на цела меѓународна заедница е вперен во ВМРО-ДПМНЕ за неуспех, не може да поставувате услови“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ