
Груби: Уште има простор да дојдеме до 80 гласа
„По прашањето на предвремени избори, ние претпочитаме прашањето да се реши во Собранието. Ние сметавме дека нема потреба од рефрендум и сметавме дека пратениците имаат мандат добиен на избори тоа да го направат во Собранието“.
„Сметаме дека се уште има простор да се достигне до 80 гласа за усвојување на уставните амандмани и во наредните денови ќе работиме со нашите колеги од опозицијата да го постигнеме тоа“, кажа Артан Груби.
„И да имаше 1,5 милиони гласачи одлуката за Договорот ќе се вратеше во Собранието. Има простор да се разговара да се осигураат 80 гласови, ако треба колективно, ако треба индивидуално и мора пратениците да ја преземат одговорноста врз себе, па дури и по цена на политичката кариера“.
„Резидентните гласови на Албанците излегоа сите на референдум. Во некои избирачки места има 85% излезност на албанските гласови“.
„Во ДУИ уште не се размислувало за избори со заеднички листи на актуелната власт. Ние сега размислуваме за храбри пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би се приклучиле на мнозинството во одлучувањето по ова прашање“.
„Сметам дека во моментов има простор да се седне и да се договори. Ако има подготвеност да се гласа и што да се добие за да се гласа, ајде да седнеме и да се договориме“.