
Извршните одбори и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе заседаваат
Вечерва ќе расправаат највисоките тела на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. И двете партии закажаа седници на извршниот одбор, а утре најверојатно и двете партии ќе одржат и централен.
Консултации со партиските органи и пратеничката група, ВРМО-ДПМНЕ закажа откако партискиот лидер Мицкоски во телевизиско интервју испорача услови за вонредни избори.
Бара техничка влада, нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата и Анкетна комисија која ќе ги испитува нерегуларностите на референдумот.
СДСМ ги отфрли условите. Тие во нив гледаат скриено барање за амнестија на екс-премиерот, Груевски. Од владејачката партија го отфрлија и тајното гласање во Собранието.