
Фатиме Фетаи побара затворска казна, Јанкуловска се расплака
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара од судот затворска казна, а обвинетата Гордана Јанкуловска заплака навраќајки се на процесот и отсуството од мајчинството. На долги 5 страници објасни дека не го поттикнала веќе осудениот поранешен помошник-миниситер Ѓоко Поповски да му ја исполни желбата на тогшаниот премиер Никола Груевски и да набави скап блинидаран мерцедес.
„Од исказите на сведоците се заклучува дека потребата за набавка на такво возило се провлекувала со години во планот на министерстовото и не станува збор за нечија желба туку обврска на министерството за обезбедување на највисоки државни власти и странски претставници. Со чиста совест ќе потенцирам дека во мојот мандат работата ја извршував според законите, чесно, и не потпаѓав под ничие влијание“, рече Јанкуловска.
Во завршните зборови, Јанкуловска пресмета дека од вкупната цена на мерцедесот екраните на задните седишта чинеле незначителни 1,600 евра објаснувајќи ги телефонските разговори како доказ на СЈО меѓу неа и Никола Груевски во кои зборуваат за набавката на возилото. Побара, судот да не ги чени 8-те аудио снимки единствените докази против неа бидејќи не се обезбедени од судот. Но, претходно обвинителката Фетаи детално го објасни барањето до судот да ја прогласи Јанкуловска виновна, бидејќи планот бил да се набави возило за двојно пониска цена, за наредната 2012-та година, таа, Поповски и Груевски да испланираат јавна набавка со точни технички карактеристики со еден фаворизиран понудувач.
„Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на мерцедес с600 гард била свесна за своето дело и сакала извршување на истото. Таа го поттикнала Поповски незаконски да го фаворизира „Мак аутостар“ за да набави ново блинидирано по желба на тогашниот премиер Никола Груевски“, истакна Фетаи.
Фетаи како најтешка околност на судот ја посочи положбата министер при извршувањето на делото, а од судот побара да ја има предвид и нејзината семејна состојба. Судијката Добрила Кацараска којашто процесот за Поповски и Груевски го заврши за еден месец пресудата за Јанкуловска ќе ја соопшти во понеделник. За Груевски и Поповски Кривичниот суд веќе донесе пресуда со која Груевски доби две, а Поповски шест години и шест месеци затвор. Тие се жалеа до Апелацискиот суд Скопје кој одржа јавна седница по жалбите за првостепената пресуда, но одлука од второстепениот суд и по подолго од еден месец сѐ уште нема.
Павле Беловски