МВР- има напредок во истрагата по вооружениот инцидент на „Рузвелтова“

Алтеата, чаурите, облеката и трагите од крв се уште се вештачат- полицијата приведува лица на информативен разговор. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вели формирана била посебна група во СВР Скопје која работи на расчистување на крвавата пресметка во која беа убиени Наим Ајети и Антони Парапулов. Убијците се уште се на слобода но, од МВР уверуваат дека се се поблиску до расчистување на случајот.

Покрај собраните материјални докази, полицајците уште вечерта ги прегледувале снимките од безбедносните камери долж „Рузвелтова“. Ги прегледале и од камерите на СЈО но за сега не биле побарани снимките потврдија од обивнителството на Јанева. Дали се уште е рано за прибирање на вакви докази или пак на снимките не се гледало убаво со оглед на тоа што убистовто беше среде ноќ нема информации.

Во петокот половина час по полнок кога има голема раздвиженост  низ дебар маало и градскиот парк, двајца скопјани беа убиени а еден ранет. Напагачите ги бркале со возило жртвите и рафално стралел кон нив. Изрешетаниот „сеат“ се удрил во друг паркиран автомобил.

Ајети починал веднаш а Парапулов два часа  подоцна во болница. Повредениот Ферди Елезовски поради бројните повредни беше во животозагрозувачка состојба но сега е подобар. здравствената состојба на пациентот е стабилна информира д-р Алберт Леши.

Елена Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ