За 45 дена ќе се знае новиот лик на УБК

Три модели на маса и многу експерти кои од денеска имаат 45 дена на рапсоалгање да дадат совет дали УБК ќе се одвои од МВР, ќе остане и понатаму заедно или ќе се припои со агенцијата за разузнавање. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не открива зад кој модел ќе застане, но се надева дека до крајот на идниот месец ќе се реши еден до најгорливите проблеми во МВР од каде произлезе нелегалното прислушување, а земјата влета во политичка криза.

Ако се вкрстат препорките на Прибе и ескпертската група која укажа дека на управата мора да и се одземе псоредничката улога кон независноста на останатите институции во следењето на комуникациите со можните модели,  се очекува владата да се одлучи за вториот модел или одвојување на УБК од МВР. Најголемиот проблем кој треба да се отстрани според актулениот директорот е политичкото влијание врз управата.

Гласините се дека рефомирана до крајот на годината УБК ќе ја загуби репресивната улога, а ресурите ќе се користат за превентивни цели, а новината ќе биде управата да може да води самостојни истраги. Спасовски најави дека ќе го прочистува МВР од полицајци-бизнисмени и полицајци- мафијаши, со цел во полициајта да останат само професиналци. Министерството веќе ја крои правната рамка со која ќе бара од собранието согласност да се отстранат сите врбаотени кои не ги исполнуваат условите, а работат во МВР.

Популарно наречен ветинг или процесот на проверка на имотот и сметките ва врбаотените последно го спроведе соседна Албанија кадешто во еден месец 500 полицајци ја искористија можноста да ја напуштат службата за да не се соочат со кривично гонење за корупција.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ