
Во оптек двојазична поштенска марка со ликот на Скендер бег иако законот не е стапен на сила
Двојазична поштенска марка со ликот на Скендер бег денеска беше промовирана во Собранието иако Законот за јазици, се уште не е стапен на сила. Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не знаеше да одговори по кој закон или пропис е изработена марката.
Генералниот директор на Македонска пошта, се повика на внатрешни прописи.
Во Законот за јазици, кој беше изгласан од Собранието, е предвидена можноста, поштенските марки да бидат двојазични, но за тој да стапи на сила, се уште се чека потписот од претседателот Иванов.
Во меѓувреме, марката веќе се најде и на веб сајтот на Македонски пошти. Издадена е во тираж од 6 илјади примероци и номинална вредност од 18 денари. Поводот е 550 годишнината од смртта на Скендер Бег, која денеска беше прославена и со свечена академија во Собранието на Република Македонија.
Далиборка Демјанска