Москва отворено го поддржа Иванов за Преспанскиот договор

Резултатите од преговорите помеѓу Скопје и Атина за преименувањето на Република Македонија треба да се дискутираат во Советот за безбедност на ОН. Ова се вели во коментарот на руското Министерство за надворешни работи во врска со  референдумот во Македонија, кој се одржа на 30-ти септември.

“Нашата принципиелна позиција останува непроменета: долгорочно решение може да биде најдено само од самите земји, без мешање однадвор; тоа мора да биде во рамките на законот и да има широка јавна поддршка. Преспанскиот договор јасно не ги исполнува овие критериуми. Тој е спротивно на меѓународното право и на македонскиот устав, што во неколку наврати истакна македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, вклучувајќи и од говорницата на Генералното собрание на ОН “, велат од руското МНР.

Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН “внимателно го следи развојот на ситуацијата”. “Поаѓајќи од тоа дека во согласност со член 3 на резолуција 845 на Советот за безбедност на ОН резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина ќе бидат разгледани во Советот за безбедност на ОН”, нагласуваат од руското МНР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ