
Бизнисот бара парите од еврообврзницата да одат за железници и патишта
Само доколку парите се искористат за инфраструктура, задолжувањата кои ги прави Владата се оправдани, и ќе придонесат за бенефит и профит на стопанството. Вака бизниот ја коментира неодамна издадената еврообврзница од 500 милиони евра. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека за бизнисот главна пречка е што не постои железничка инфраструктура и автопат на релација Скопје – Тирана, тоа значително им ги зголемува трошоците.
„Ние знаеме дека албанското пристаниште во Драч е на мала оддалеченост, но кога немаме железничка инфраструктура, нормално дека цените за транспортот се многу високи и на тој начин тоа не може да им конкурира да другите пристаништа. Исто така, автопат Скопје – Тирана, знаеме дека оддалеченоста е 160 километри, а треба да се поминат повеќе од 5 часа. Тоа е голема тешкотија, и мора лужето да се ориентираат и да наоѓаат решенија, да отвораат компании при граничните зони, за да можат побрзо и поефикасно да работат“, вели Неби Хоџа.
Автопатот Приштина – Тирана, вели Хоџа, го зголеми бруто обртот меѓу Албанија и Косово, но соработката на земјава со западниот сосед не се движи во добра насока.
На гости им беа колеги од Американската комора на Албанија, велат политичарите од двете земји покажуваат воља и за една година одржале 4 состанока на високо ниво, но тоа мора да се пренесе и кај бизнисот, трговската соработка сега не задоволува. Интерес има за инвестирање во економските зони, туризмот, агрообизнисот, градежништвото. На властите ќе им ги испорачаат клучните барања за да се надминат препреките.
Од Стопанстака комора на Македонија, пак, неодамна изјавија дека се уште прават анализи за евртообврзницата. Од вкупно 500 милиони евра, Владата со 200 враќа стари долгови, а 300 милиони остануваат како нето задолжување, за кои експертите побараа поконкретни насоки како овие пари ќе бидат потрошени.
Нина Нинеска-Фиданоска