
ОДИХР: Референдумот професионално спроведен, избирачкиот список останува проблем
Денот на референдумот беше генерално мирен и добро организиран, администриран професионално, транспарентно и на непристрасен начин. Ова е перлиминарниот заклучок на набљудувачката мисија на ОДИХР за референдумот, според која иако биле почитувани законските одредби во спроведување на референдумот, законската рамка кој го регулира референдумот не е сеопфатна и и недостигаат суштиниски апспекти.
„Легалната рамка на референдумот не е ниту сеопфатна ниту хармонизирана, ниту ги покрива доволно сите апсекти. Законот за референдумот ги поставува основните правила за процесот на референдумот, но недостигаат детали за некои суштински аспекти. Обидите на ДИК да ги пополни овие празнини и да ги појасни преку регулативи го поставува прашањето за законската основа и за опсегот на регулаторните власти“, рече Јан Петерсен, амбасадор на ОДИХР.
И гласачкиот список според странските набљудувачи останува проблем кој, како што рече Петерсен, е нотирано од ОДИХР и во претходните извештаи.
Поконкретно за избирачкиот список говореше Штефан Шенах од Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој рече дека избирачкиот список е повторно тема, велејќи дека ќе дојдат наредни избори во Македонија и дека не треба повторно да се има истиот проблем.
„Сега имаме доволно време и се надевам дека владата и администрацијата ќе го искористат времето да го појаснат и да работата на гласачкиот список“, рече Штефан Шенах од ПССЕ.
Шенах упати порака и до политичките чинители во земјава да го почитуваат гласот на над половина милион кои гласаа вчера.
„Највисоко и уникатно право на секој граѓанин во демократска земја е да гласа или да не гласа. И мора да го почитуваме тоа што голем број од граѓаните вчера не гласа од различни причини, од протест или следеа бојкот таен или не. Но не смееме да заборавиме дака половина милион гласачи на оваа земја го искористија правото и гласаа. Мора да го почитуваме тоа што повеќе од половина милион го искористиле своето право и гласале, а не само да зборуваме за оние кои не гласале“, рече Штефан Шенах од ПССЕ.
Набљудувачите на референдумот меѓу другото констатираа медиумите им понудиле разноликост на ставови на граѓаните, но фактот дека имало само кампања „за“ таа доминирала во платената политичка програма. ДИК иако професионално си ја завршил работата, водел камапња за правото на глас, но не и за повикување за излезност.
ОДИХР упати забелешка до Собранието и неговата одлука да нема свои монитори на референдумот. Тоа и немањето законско право партиите да мониторираа ја намлило севкупната транспарентност на денот на референдумот.
ОДИХР вчера на гласачките места регистрирало домашни набљудувачи кои не можеле да се идинтификуваат, поради што, меѓународните монитори сметаат дека тие биле поврзани со политички партии.
Тамара Грмчароска