
Почна учебната академска година
Денеска почнува новата академска 2018/2019 година во Македонија. По речиси една деценија, учебната година на факултетите започнува на почетокот на октомври. До лани академската година почнуваше на 15 септември.
Првиот академски час студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (Финки) го одржаа во свечената сала на хотелот Александар Палас каде што добредојде на бруцошите им посакаа Ректорот Никола Јанкуловски, премиерот Заев, министерот за информатичко општество и администрација Манчевски и деканот на Финки Иван Чорбев. На Финки оваа година се запишале рекордни 930 студенти што претставува за 13 проценти повеќе од лани. Ректорт Јанкуловски со совети до новите студенти.
На државните универзитети годинава студентските индекси ги чекаа вкупно 21.778 бруцоши. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ примаа 11.661 студент, на „Гоце Делчев“ во Штип годинава имаше место за 5.037 бруцоши, на битолскиот ,,Св. Климент Охридски“ – 3.635 студенти, на Државниот универзитет во Тетово имаше место за 3.185 бруцоши, а на „Мајка Тереза“ во Скопје – за 1.445 студенти. За дел од факултетите се уште има слободни места.
Јордан Дуков