БЕСА: Граѓаните испратија порака дека за иднината на Македонија треба да одлучат пратениците

Граѓаните испратија јасна порака до политичарите дека за иднината на Македонија треба да одлучат народните избраници земајќи ја целата политичка одговорност во Собранието, изјави вечерва претседателот на движењето „Беса“, Орхан Муртезани.

„Движењето Беса е подготвена за следната фаза што е пред нас, тоа на уставните измени каде што ќе ги даваме нашите сугестии и видувања за да се направат потребните корекции за да имаме Устав кој ќе гарантира потполна еднаквост на Албанците во Македонија и да изградиме сигурна европска иднина во НАТО и ЕУ“, рече вечерва Муртезани на прес-конференција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ