
Три пријави за нарушување во Тетово и Гостивар
Во селата во тетовско – гостиварскиот регион е регистрирано поголема излезност, за разлика од урбаните средини. Во некои селски средини на некои гласачи места се чекаше редици за да се гласа. Од општинската изборна комисија Тетово, велат дека на избирачките места во градот излезноста до 17 часот се движи 30 % о а во селата достигнува и до 40 %. Во споредба со последниот изборен циклус минатата година, излезноста e помала
За разлика од Тетово, во Гостивар е помала излезноста каде своето право на глас до 17 часот го оствариле 27 %.
Во руралните општини во во полошко најмала излезност има регистрирано во Брвеница и Теарце, каде гласале 23 односно 24% од запишаните избирачи. Изборниот процес досега тече без поголеми проблеми. Полицијата ги расветлува трите пријави, две во Гостивар и една во Тетово каде биле фотографрани избирачи. За време на референдумот регистрирани се вербални расправии и мали технички пропусти
Граѓаните очекуваат изборниот ден заврши мирно и без инциденти
Во тетовско – гостиварскиот регион каде право на глас имаат 294 700 гласачи се гласа во 9 општини.
Зоран Димовски