Забележани два инциденти на гласањето во Струга

Гласањето во сите 101 избирачко место во општина Струга тече непречено.

Надвор од избирачките места забележани се два инциденти. Првиот во селото Мислешево, каде на кат од куќа бил истакнат транспарент со порака поврзана со референдумот, а вториот во близина на избирачко место во градот, каде група снимала и фотографирала гласачи од тераса на станбена зграда. Лицата се повикани на разговор  во струшката полициска станица која во координација со јавното обвинителство работи на расчистување на случајот.

На избирачките места, до сега не се забележани проблеми, а граѓаните непречени го остваруваат своето право.

Во ЕИС во Струга запишани се 60.169 граѓани. Правото на глас до 13 часот го искористиле околу 13 проценти.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ