Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче

Инцидент се случил на гласачко место во ОУ „Лазао Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче. Група од млади заплашувале жена која дошла да гласа на референдумот, по што интервенирале полицајците кои биле распределени на ова гласачко место. Напаѓачите судриле со полицијата, која потоа привела едно лице, велат за Телма од полициски извори.

По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече непрекинато.

Се очекува официјална информација од МВР за инцидентот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ