Средба Мета-Османи во Тирана

Албанскиот претседател Илир Мета оцени дека усвојувањето на Законот за јазиците е чекор напред во демократизацијата и зајакнувањето на интегративниот пат на Македонија.

Тој ова му го кажал на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е во официјална посета на Тирана.

Албанскиот претседател го нагласил и значењето на целосната имплеменатација на Охридскиот договор, за почитување на правата на Албанците во Македонија и подобрување на климата на доверба меѓу Албанците и Македонците во интерес на евроатланската интеграција на земјата.

На средбата, претседателот Мета ја посочил неговата ангажираност во зајакнување на соработката меѓу Албанија  и Македонија во интерес на двете земји и европската перспектива на регионот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ