Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња за референдумот

Под  силно  полициско обезбедување денеска во раните утрински часови од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до Општинските изборни комисии почна  транспортот  на гласачкиот материјал  за референдумот што ќе се одржи во недела на 30 септември. Претходно од ДИК извршија проверка на материјалот во печатнцата.

-Во текот на денот со помош на возила на Македонска пошта, наши екипи во придружба на припадници на МВР, согласно претходно подготвениот план ќе се изврши дистрибуција на гласачкиот материјал до сите ОИК, изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК.

На референдумот прво на глас имаат 1.806.336 гласачи на 3480 избирачки места во државата, а во дијаспрата се пријавиле 2695 гласачи во 33 дпломатско конзуларни претставништва.

-Во текот на вчерашниот ден тргнаа првите избирачки одбори за ДКП во подалечните држави, а денес и останатите, планиарно е се да се одвива нормално, а во сабота да почен гласањето за овие гласачи, рече Деркоски.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола велат дека целокупниот гласачки материјал има висок степен на заштита.

-Ливчиеата се испечатени со висок квалитети, имаат околу 20 заштити и не постои икаква можност за копирање. Целокупниот материјал -гласачки ливчиња, паравани, избирачки списоци, записници,  се  е предеаден на ДИК, изјави Драги Милошевски, директор на печатница „Киро Дандаро“

Граѓаните кои ќе излезат на гласање ќе трба да одговорат со „за“ или „против“  на референдумското прашање „ Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“. Гласањето во недела на 30 септември почнува во 7  и завршува во 19 часот.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ