
Групите за Бојкот на Твитер се координирале со пораки за тајна комуникација
Дигиталната форензичка лабораторија на Атлантскиот совет од Вашингтон за Телма открива нови детали како се кооридинирала кампањата за Бојкот на референдумот која се води на социјалната мрежа Твитер. Истражувачите ни откриваат дека Македонија е предмет на голем интерес поради зголемените обиди преку пропаганда и ширење на дезинформации да се влијае претстојниот референдум.
Обезбедува отворени податоци на истражувања изложувајќи покриваме избори насекаде низ светот Референдумот во Македонија е нешто што ние ќе го надлегуваме
- Јас би рекол дека дефинитивно е координирана кампања како што гледате, но без вклучени ботови како катализатори. Ние видовме во Бојкот кампањата групи кои користат вести за промоција на нивните пораки против референдумот користејќи се со мемиња и карикатури. Голем дел од овие дезинформации дојдоа од неодамна отворени веб сајтови. На некој начин тоа е слично со изборите во САД но, е на некој начин еден чекор понапред, вели Канишк Каран Дигитална форензичка лабораторија на Атлантскиот совет.
Според Атлантскиот совет 80% од целата објава на Твитер доаѓа од профили кои ги реобјавуваат веќе истакнатите твитови и пароли. Објавени се над 3000 твитови кои потоа биле над 20 илјади пати реобјавени. Најмногу Твитер споделувања на пораки за бојкот на референдум се шират од девет кориснички профили. Во нивната кампања беа употребени мемиња на контроверзниот десничарски проповедник Стив Бенон кој своевремено беше советник на Трамп. Се појави и Пепе жабата, како ги трола гласачите ЗА. Овој цртан лик е симбол на омразата која ја шират ултра десничарите на социјалните мрежи,а не ја избегна ниту Македонија.
- Самата кампања е софистицирана и водена од мала група. Ние откривме дека во одредени случаи овие групи за Бојкот користат апликации како „Телеграм“ и други за коориднација на кампањата, смета Каран.
Се уште е рано да се донесе конечен заклучок за некаков мастер план зад целата Твитер кампања на Бојкотирам за што се потребни дополнителни докази. За сега од Атлантскиот совет не можат да докажат поврзаност на „бојкотирачите“ со некоја специфична групација. Следното истражување на дигиталната форензичка лабораторија ќе биде поврзано со активностите на Фејсбук во македонската пропаганда.
Христијан Станоевиќ