Со менување на името да се сменат и правата на албанците и јазикот, бараат интелектуалци

Ако успее референдумот и се менува уставот во делот за името, да се смени и во делот за граѓаните од албанска националност кои живеат тука и нивниот јазик. Ова го бара Советот на Албански интелектуалци во Македонија. Професорите сметаат дека треба да се промени преамбулата и членот седум во уставот. Првото барање е во преамбулата да се впише дека македонија освен што е држава на македонскиот народ и останатите заедници, да биде додадено држава на македонскиот, држава на албанскиот народ, и на националните заедници.

Второто барање е за членот седум, со што наместо само македонскиот со неговото кирилско писмо како службен јазик да биде впишан и албанскиот јазик. Советот на Албански интелектуалци смета дека законот за употреба на албанскиот јазик кој собранието веќе го изгласа, не е доволен за да ги заштити правата на албанците во земјава.

Освен ова здружението прогласило и манифест во кој отвораат три прашања кои би морало да се решат по референдумот, уставот мора да се промени бидејќи е дискриминаторски, со преспанскиот договор да се помени и уставноправниот статус на Албанците и да се спречат нови меѓунационални проблеми за да не се стопираат интегративните процеси во НАТО и ЕУ.  Уставни измени за изедначување на народите и јазиците побараа и од БЕСА на Касами, кои најавија дека ќе ги предложат по референдумот ако е успешен.  Сојузот на интелекуалци исто така ќе ги достави до Собранието.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ