
Гори приемното одделение во затворот Идризово
Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој беше зафатена кровната коснтрукција, потврди директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.
Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенираше со неколку возила во гасењето.