Здружението на сопственици на деловен простор на ТЦ Бисер обвинуваат дека Силбо е дивоградба

Здружението на сопственици на деловен простор на ТЦ Бисер обвинуваат дека се работи за дивоградба бидејќи требало да биде поставена урбана ограда како што имаат другите објекти во овој трговски. Инспекторот ги прекршил првите две решенија кои ги има донесено. Ќе почекаат неколку дена институциите да си ја завршат својата работа, во случај да не се почитува законот во спротивно ќе излезат на улица со протести и блокади.  Од пекарата Силбо велат дека ќе го почитуваат Решението од општина Аеродром согласно рокот кој им е даден.

„Бидејќи се прекршени многу закони го повикуваме Основното јавно обвинителство да покрене истрага за овој случај и во случај ако под најитен рок не покрене истрага ние како Здружение и како дуќанџии ќе поднесеме кривична пријава до сите инволвирани лица цо овој случај. Во законот за градба кога ќе се утврди дека некој изградил градежен објект без никакво одобрение, се знае што следува следува рушење. За жал ние овдека го немаме тоа“, кажа Зоран Митковски, претседател на ОУ ТЦ БИСЕР.

„Ние бевме во општина Аеродром, општина Аеродром тоа што го направи во записникот да ние отстраниме си поднесовме жалба  и до Град Скопје и си тече тој процес. Јас ги имам платено сите трошоци према Град Скопје се платени. Значи што имам јас со Град Скопје кои го имаат променето елаборатот, тоа со тек на време јас си го решавам по судски пат и овде моментално не е ништо дивоградба направено“, кажа Силјан Мицов, управител на СИЛБО ПЕКАРА.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ