
Протест на затворската полиција
Независниот синдикат на затворската полиција и администрација денеска со мото марш низ централното градско подрачје го изрази својот револт со барање конечно да се потпише колективниот договор и да се донесат измените на законот за санкции.
Според најавата од пред МРТ поворката мотори ќе се движи кон владата, а после обраќањето кон јавноста, тие ќе ја блокираат раскрсницата кај трговскиот центар Палома Бјанка. Блоката ќе трае до 16.30 часот. Во повикот за протест се вели дека затворската полиција ќе остане на улица се до исполнување на нивните барања.