
А.Пандев одново на врвот, Шкендија славеше во Кратово
Академија Пандев обезбеди триумф на гостувањето кај Победа од 4:2 во шестото коло и повторно се врати на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига.
На „Чаир“ скопското дерби го доби Шкупи кој славеше пред своите гледачи против Македонија Ѓорче Петров со 2:1, во Тетово, Беласица ја совлада домашната Ренова со 2:0 и во Кратово, Шкендија беше подобра кај Силекс со 2:1.
Вчера, Работнички – Вардар 0:2.
На табелата, екипата на Академија Пандев одново е прва со 15 бодови, еден повеќе од Шкеднија и Вардар на второто односно третото место.