Американски волонтери ќе предаваат англиски во македонски училишта

55 волонтери од Америка ќе предаваат англиски јазик во македонски училишта и ќе работат како дефектолози помагајќи им на децата со посебни потреби во дневните центри низ државата.

Со служба ќе започнат од декември, а во наредните три месеци ќе го изучуваат јазикот и ќе се запознаваат со македонската култура и фолклор.

Пристигнаа денес, а ќе волонтираат во наредните две години како дел од Мировен корпус кој е американска владина организација.
Од 1996 година до сега, повеќе од 750 американски државјани волонтирале во Македонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ