Истрагата за вратените терористи се уште трае – Стејт департментот известува дека државата нема национална стратегија за тероризам

Специјалци и полициски оклопни возила во текот на оваа недела беа паркирани во внатрешниот круг на Апелавциониот суд. Силното полициско обезбедување беше задолжено околу транспортот на седумината поранешни припадници на ИСИС кои во август беа испорачани во Македонија. Осомничените беа на распит кај обвинител за организиран криминал. Истрагата се уште трае.

„Надлежен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот. Сослушани се седумте лица во својство на осомничени и истите се во притвор. На осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, велат од Јавното обвинителство.

Седумината вратени припадници на екстремистичките структури се дел од вкупно 156 македонски државјани кои биле дел од терористичките структури на исламската држава. Повеќе од половината од борците-печалбари се во Македонија, дел од нив во затвор, а 57-мина се слободни. Бројките се последни проценки на разузнавачките службиод каде велат дека уште 15 македонски државјани се уште се дел од радикалната структура во Ирак и Сирија. Бројките се повторија и во годишниот извештај на Стејт департментот за борба против тероризам во која се наведени и две досега непознати информации, дека лани пред Велигден заедно со служба од регионот е спречена терористичка активност откако се уапсени сомнителни лица од интерес за истрагата.

Втората информација е дека преку финасиското разузнавање добило извештаи за две сомнителни трансакции поврзани со терористички активности. Надлежните го испитуваат и тој случај. Стејт департментот го поздравува формирањето на комитетот за борба против насилен екстремизам и против тероризам. Комитетот има 44 члена, но американците нотирале дека државата се уште не дала пари за  изработка на национална стратегија. Комитетот функционира, а една од активностите е и определување кои се ризичните области каде може да дојде до радикализација на макеоднски граѓани.

Муслиу е дел од невладината организација АДИ која работи на превенција од радикализација. Вели дека на секоја невистина ккоја се пласира од екстремистите при регрутирање нови членови мора да се реагира и од државата и од цивилниот сектор.

Во повеќе македонски села но и во градски средина се уште активно работат екстремистите кои се обидуваат да привлечат нови членови, пред се со пари користејќи го незадоволството на помладите. Заминување на боишта во Сирија и Ирак сега е многу поретко, а досега во тој дел на светот загинале или се убиени 35-мина од Македонија. (КРАЈ)

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ