Топ Тема НВС ги додели наградите за граѓанско новинарство

Поврзаноста меѓу граѓанското новинарство и професионалното станува се поцврста. За тоа доказ се 41 пријава за приказна и фотографија на конкурсот на Топ тема на Ваша страна и на МЦМС од кои денеска на 6 им беа доделени награди, а двадобија признанија.

„Големиот број на приказни ги добивме за две теми – дискиминација и сиромаштија, што според мене укажува на тоа дека ова се најгорливите проблеми во државата. За дискриминацијата особено, морам да признаам, дека многу малку се занимаваме и ја истакнуваме во медиумите“, рече Сања Васиќ, Топ Тема на Ваша страна.

За Гонце Јаковлевска од МЦМС граѓанското новинарство е одлична можност како граѓаните сами да ги направата повидливи за јавноста темите кои за нив се важни.

„Ова е е одлична можност граѓаните на некој начин самите се изборат за тоа, проблемите што сметаат дека се важни, ги донесат повисоко на агендата“ рече Гонце Јаковлевска од МЦМС.

Наградите на вториот конкурс за граѓанско новинарство на Телма и МЦМС ги добија Ирена Поповска за приказната „Дефект“, Дарко Гоцевски за приказната „Сиромаштијата во измачените лица на чесните граѓани на мојата напатена татковина“ и Љубен Тодороски за приказната „Заслуживме функционален здравствен систем“, додека Гоце Цветков, Виктор Поповски и Филип Неделковски добија награди за фотографии на тема сиромаштија и родова (не)еднаквост. Доделени се и две признанија, на Нуредин Исејновски за приказната „Читај на глас“ и на Ана Ристевска за фотографија на тема сиромаштија.

Во име на првонаградената Поповска се обрати нејзината мајка.

„Наградата им ја посветувам на сите кои мака мачат, и меѓу другото, да влезат во автобус на ЈСП и им ветувам дека овој дефект ќе го отстраниме со нашиот пркос“, мајка на Ирена Поповска, првонаградена.

Наградениот Гоцевски примајќи ја наградата ги повика на помасовно вклучување во граѓанското новинарство.

„Да размилсуваат гласно и да ги детектираат проблемите во општеството за што побрзо и полесно да се најде речение на истите проблеми“. Дарко Гоцевски, второнаграден.

Обуки за граѓанско новинарство во рамки на проектот „Топ тема на ваша страна“ досега ја поминале 85 граѓани.

Тамара Грнчароска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ