4 години затвор за гевгелискиот анестезиолог, двајцата гинеколози не се виновни

4 години затвор и 5 години забрана за вршење лекарска дејност за анестезиологот во гевгелиската болница Томчо Ванчев кој велешкито суд му пресуди дека е виновен за смртта на родилката Маја Кадиева пред три години. На работа дошол под дејство на алкохол, и место 3 направил 4 интубирања – во полната судница, судечкиот совет ги читаше причините за одлуката.  Реагирал нестручно и спротивно на процедурите. Двајцата гинеколози од тимот на Ванчев не се виновни иако не го спречиле анестизологот да се изврши операцијата- „царски рез“. Од пресудата единстивено се задоволни двајцата анестезиолози кои што деенска не се појавија во судницата. Обвинителство ќе се жали , а и одбраната на Ванчев. Единствнео со солзи одлуката на судот ја проследи сопругот на починатата Маја Кадиева.

Гинеколозите Венци Кадиев и Дончо Москов не згрешиле што закажале царски рез, и не извршиле отстапување и кршење на процедурите, смета судот. На пресудата и претходеше извештај како доказ дека  новороденчето од утробата на мајката било извадено предоцна, живеело 10 минути и кај него во организмот бил пронајден наталожен јаглерод диоксид и средство за анестезија. И бебето починало како последица на погрешното интубирање и обид за реанимација на родилката. Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа во октомври 2015 година во гевгелиската болница  при породување со царски рез.

 

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ