Промовиран судско-медиумскиот совет

Поголема транспарентност на судовите, повеќе информациии за јавноста преку медиумите и поголема соработка, се дел од главните цели на судско – медиумскиот совет кој беше промовиран денеска во присуство на претставници од правосудната фела, американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за правда Рената Десковска.

Во ова советодавно тело учествуваат 11 новинари што следат правосудство и 10 судии од повеќе судови со мандат од две години. Претседател е новинарката Гордана Дувњак а потпретседател е првиот човек на Граѓанскиот суд Илир Сулејмани.

Искуства со вакви  слични тела има во некои држави во САД поради што изминатиот период судии обвинители и новинари од таму, ги споделија своите искуства со македонските колеги. Судско медиумискиот совет се формира во рамки на Здружението на судии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ