Шекеринска: Политичарите кои застануваат пред волјата на народот сакаат само амнестија

Политичарите кои застануваат на патот на волјата на граѓаните ќе бидат видени дека ги интересираат само личните интереси како амнестија. Во наредниот период многу маски ќе паднат. Македонија не смее да ја плаќа цената на политичари и партии, треба да се обезбеди иднината на граѓаните, денеска оцени министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа го критикуваше ставот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои уште сега се изјаснија дека нема да гласаат во Собранието за уставните измени кои се обврска од Договорот со Грција, пред да се одржи референдумот и пред да бидат познати резултатите од него.

“Некои партии тераат партиска, а не државна политика. Ги чувме сите повиците граѓаните да гласаат според свое убедување и верувавме дека ќе во зборовите дека ќе го поддржат договорот ако биде одобрен од граѓаните на референдумот. Партиите треба да имаат одговорност за тоа што го кажуваат, сега даваат три различни верзии на одговори на едно исто прашање“ смета Шекеринска.

За наводниот грчки нон-пејпер со кој однапред биле доставени измените на уставот до Македонската влада, Шекеринска тврди дека се работи за лажни информации и вести, а слични ставови против Договорот за името се слушаат само од ВМРО-ДПМНЕ и грчката опозиција.

Х.С.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ