Минчо Јорданов: Не ми се закануваа обвинети во Шпион, само бараа повеќе пари од тие што им ги исплатив

Откако не му исплатив уште 5.000 евра, новинарот од кого побарав услуги почна да објавува лаги на својот интернет портал „Буревесник“. Бизнисменот и сведок во судскиот процес „Шпион“ Минчо Јорданов цело претпладне пред судот објаснуваше како го ангажирал новинарот Зоран Божиновски, за тој потоа да почне да објавува текстови против него.

„Му дадов на првата средба 5.000 евра аванс и усно се договоривме да му исплаќам пари зависно од сработеното. На средбата кога му реков дека ја прекинуваме соработката, неговата реакција беше негативна и ми рече дека треба да му дадам уште 10.000 евра, на што јас му одговорив дека и овие пари што му ги платив се многу“, сведочеше Јорданов.

И пред судијата, обвинителите од СЈО кој го превземаа случајот и обвинетите, Јорданов потврди дека не добил директна закана, а натписите во медиумот на Божиновски биле со таа цел. Пресвртот се случи на крајот од рочиштето откако Јорданов рече дека не бара оштета од обвинетите и не сака да се приклучи на кривичниот прогон против нив.

Јорданов, сведочеше и против обвинетиот Миќо Насковски ексдиректорот на градежната фирма Бетон, компанија која му помогнал да ја купи, а за услугата му дал 150.000 евра иако и по три години, тој и дел од обвинтите му барале уште пари. Одбраната тврди дека немало уцени и изнуда, туку тоа било дел од бизнисот.

Откако апелација го врати одново во Кривичниот суд, предметот „Шпион“ го превема специјалното обвнителство кое продолжи да гони 19 луѓе за кривично дело шпионажа.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ