Референдумот е уникатна шанса смета германската министерка за одбрана, Урсула Фон Дер Лаин

Четврти министер и член на германскиот владин кабинет на Меркел утрово слета во Скопје. Министерката за одбрана Урсула Фон дер Лаин порача дека ќе продолжи соработката за реформи во одбраната и воената помош на АРМ. Но главната порака беше дека референдумот е единствена и уникатна шанса, која ја спореди и со обединувањето на Германија пред речиси три децении.

Шекеринска ја потврди соработката со германската армија, но и силната политичка поддршка за членство во НАТО и во ЕУ. Исто така потврди и дека тимовите за преговори со НАТО работат од моментот на добивањето на покана за преговори.

Инаку македонските војници во Авганистан се дел од мисијата на германскиот Бундесвер во тој дел од светот. Во моментот 50 припадници на АРМ директно соработуваат со германските војници во воена база во Авганистан.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ