
Евакуирани станарите од зграда кај трговскиот центар Скопјанкa, во влезот се ширел остар мирис
Поради неподнослив мирис што се ширел во зградата, евакуирани се станарите на зграда кај трговскиот центар Скопјанка, во населбата Аеродром.
Околу 18 часот тие во противпожарната единица пријавиле неподнослива миризба и печење на очите.
Граѓаните велат дека oсетиле остар мирис кој се чувствувал на дишните патишта.
Командантот на противпожарната бригада Ѕвонко Томевски изјави дека поради мирисот е наредена евакуација на луѓето и дека сега се чекаат на лице место да дојдат инспектори од животна сердина и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно луѓето да се вратат во своите домови.
Се уште трае увидот на полицијата. Се уште не се знае што ја предизвикува миризбата. Екипи на Брзата помош се на местото.
Вечерва таму пристигна и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.