Вардар се спаси од пораз со Македонија ЃП, останатите фаворити рутински

Македонија Ѓорче Петров извлече нерешен резултат на гостувањето кај Вардар во првиот меч од осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија. На останатите шест средби немаше изненадувања. Екипата на Кораб беше слободна и директно обезбеди пласман во четвртфиналето.

Реваншите се закажани по три недели на трети октомври.

Резултати Куп на Македонија – осминафинале:

Вардар – Македонија ЃП 1:1

Тиквеш – Работнички 0:1

Скопје – Силекс 0:2

Шкендија – Кит Го 2:0

Пелистер – Беласица 0:2

Гостивар – Победа 1:2

Брегалница – Академија Пандев 2:6

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ