Македонски железници против најавеното укинување на меѓународниот воз

Македонските возови од први октомрви нема да сообраќаат надвор од државата. Се укинува единствениот меѓународен воз кој еднаш дневно возеше на релацијата Белград Скопје Солун. МЖ Транспорт не прифаќа земјата да остане без оваа конекција со Србија и Грција. Бара „Србија Воз“ и грчки „Trainose“ да ја сменат одлуката за укинување на оваа линија што ја донесоа уште во јануари со образоложение дека линијата е економски неисплатлива

„Согласно железничките прописи, право на одлучување за сообраќањето на меѓународните возови имаат железнички управи од каде поаѓа, односно пристига возот. МЖ Транспорт има право да вложи приговор на ваквото барање, но како транзитна железничка управа, нема право да одлучува“, стои во соопштението на МЖ ТРАНСПОРТ АД СКОПЈЕ.

Од железничката станица информираат дека оваа железничка линија била рентабилна бидејки со овој воз само во Скопје дневно пристигале или поаѓале 60-тина патници. Иако првичната одлука била возот да сообраќа само сезонски, со преговори било договорено возот оваа година да сообраќа до 30 септемрви со напомена дека во текот на месецов може да се разгледаат можности за натамошно сообраќање на возот, но таква средба може да се случи околу 26 септемрви или само 4 дена пред укинувањето на овој воз, поради обврски на менаџментот на „Србија Воз“.

Меѓународниот воз Хелас Експрес од Белград во Скопје последен пат ќе пристигне на 30 септемрви во 4,24 часот наутро и ќе тргне кон Солун, а од Грција ќе пристигне вечерта пред 22 часот и ќе тргне за Белград.

Виолета З  Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ