Со влезот во ЕУ ќе се намалат заработувачките на банките, а ќе поевтинат и кредитите

По влезот на земјава во Европската унија се очекува нашите банки да ги намалат своите заработувачки, а тоа би значело и поевтинување на кредитите за граѓаните и фирмите, најавуваат банкарите. Ќе се снижи каматната маргина, што всушност е разликата меѓу каматите на кредитите и оние на штедењето, од што банките сега и ги прават најголемите профити. Во моментов, каматмната маргина во земјава изнесува 5 отсто и е на слично ниво со земјите во регионот, но таа разлика е повисока воп однос на земјите од регионот.

„Но кога ќе стигнеме, и дај боже да стигнеме што побргу во ЕУ, секако дека таа маргина и натаму ќе се намалува, но и тоа е под притисок на инвестициите и активностите на банките. Ако работиме само намалување на маргтината, без инвестиции, самите банки би биле помалку профитабилни, но треба да знаеме дека стабилни и профитабилни банки се многу битни за една економија“, вели Антонио Аргир, претседател на Управен одбор на НЛБ банка.

Според него, во земјава и сега е регулирана максималната камата на кредитите, банките не можат произволно да ги формираат каматните стапки. Тие транспарентно ги прикажуваат сите трошоци и клиентот знае колку ќе плаќа и сега и во иднина, за разлика од одредени компании кои нудат кредити преку веб апликации, каде потоа излегуваат скриени трошоци.

По сигналот од НБМ со спуштањето на основната камата, банките намалија дел од каматите за штедните влогови, но и за станбените и потрошувачките кредити. Кај фирмите бараат добри проекти, но сите заедно бараат стабилност и предвидливост.

„Раздвижување има кај банките, ние бараме добри проекти, кај компаниите има поз движења, се повеќе зборувцаат и за користење на ИПАРД парите. Не би го поврзал со референдумот, генерално, за компаниите и банките е потребна стабилност и предвидлива иднина“, вели Аргир.

Во првото полугодие домашните банки оствариле вкупен профит од 90 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ