
Караџовски се уште не го прочитал извештајот на Јанева
Три дена откако СЈО во посебен извештај објави дека судии и членови на Судскиот совет биле партиски избирани и под политичко влијание на екс премиерот Груевски и екс директорот на УБК Мијалков и други функционери, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски вели се уште не го прочитал. Извештајот е објавен на веб страната на ова обвинителство, но Караџовски деновиве се информирал само од медиумиските известувања. За содржината на објавените детали не сакаше да ја коментира но има забелешки за обвинителството на Јанева.
Со оглед на тоа што роковите за дисциплинска одговорност на судиите се истечени, СЈО во извештајот прашува дали и понатаму ваквите аномалии ќе останат само нотирани и неказнети. Предлагаат и конкренти конкретни законски измени. Од СЈО не коментираат дали можат и дали ќе преземат и конкретни активности околу забелешеките од извештајот. Првиот човек на здружението на судии очекува надлежните да постапуваат.
Саити денеска даде своја одбрана пред Судскиот совет за постапката која се води против петмината врховни судии за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. Претседателот на врховен Вангеловски не се појави, испратил оправдание. За Вангеловски, Јанева пишала дека несовесно и непрофесионално ја вршел работата, изнесувал информации за судски предмети.
Наместо да ја штити судската независност Судскиот совет ги отворил широко вратите за политиката, пишува во извештајот на Јанева каде освен Вангеловски ги споменува поранешната претседателка на Судски совет Александра Зафировска, и судијките Софија Лаличиќ и Светлана Костова. Премиерот и министрите рамо до рамо со членовите на Судскиот совет одлучувале кој ке биде избран за судија а кој разрешен стои во извештајот.
Елена Ивановска Мукоска
https://youtu.be/QK__IXVULe0