Тарчуловски даде исказ во истрагата за собраниските насилства од 27 април

Од домашен притвор со полициска придружба пратеникот Јохан Тарчуловски беше спроведен во обвинителството за организиран криминал да даде исказ во истрагата за собраниските насилства од 27 април. Се задржа повеке околу час и половина и како што дознава Телма од извори блиски до истрагата, освен што дал исказ, на Тарчуловски му биле презентирани видео снимките од Собранието и телефонски листинзи. Неговиот адвокат не сакаше да открива детали што се случувало за време на распитот.

Се уште нема одлука од кривичниот суд дали ќе му дозволи на Тарчуловски во четврток да го напушти домот на 4 часа за да го слуша генералниот секретар на Нато Столтенберг од собраниската сала. Вчера Апелација му ја одби жалбата и тој останува во куќен притвор.

Но, Тарчуловски не е првиот пратеник кој дал исказ во истрагата. Според информациите на Телма вчера и пратеничката Жаклина Пешевска која е во куќен притвор била сослушана во обвинителството за организиран криминал и таа ги гледала снимките, а за во четврток термин добил и пратеникот Љупчо Димовски. За сега покани не добиле тројца пратеници кои се во Шутка, Мукоски Василевски и Арнаудов ниту екс министерот за внатрешни Чавков.

И додека истрагата во организиран криминал, за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста  се уште трае, еден од првите предмети за Крвавиот четврток на основното обвинителство стаса до апелација. Панче Ангелов кој призна вина за насилство врз министерката Шеќеринска и доби 4 години затвор од апелаицја бараше условна казна. Ги убедуваше и апелационите судии дека не ги повредил ниту Заев ниту Шекеринска туку само ја потегнал за коса

Обвинителството му предложи на апалециониот суд да ја отфрли жалбата на Ангелов. Минатата недела Шекеринска потврди дека на крајот на месецот е повикана да сведочи во истрагата против друг осомничен кој исто така ја нападна во Собранието.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ