„Њујорк тајмс“: Москва во кампањата за бојкот на референдумот

И „Њујорк тајмс“ во своето синоќешно издание пишува за обидите на Москва референдумот да не успее. Весникот оценува дека главна цел на оваа пропагандна кампања која се одвива по македонските социјални мрежи и по медиумите е спречување на ширењето на НАТО.

Весникот наведува дека американскиот Конгрес на почетокот на 2017 година одвоил 8 милиони долари буџетски средства за борба против руската пропаганда во Македонија, но парите сеуште не се искористени и допрва треба да бидат ефективно распределени, вели анонимен извор за весникот.

Во најавата на американскиот весник на посетата на Матис се цитираат западни дипломати, кои велат дека 40 нови сајтови се појавуваат дневно на Фејсбук да ги охрабрат луѓето да го бојкотираат референдумот. Овие сајтови, кои потекнуваат надвор од земјата, се вклопуваат во шемата на руското влијание на други избори, велат дипломатите. Американски разузнавачи велат дека Русија, исто така, ангажирала локални фудбалски навивачи и моторџиски банди да се противат на менувањето на името.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ