Панел дискусија за Преспанскиот договор

Преспанскиот договор и неговите идентитетски аспекти е темата на која дебатираа македонски и грчки интелектуалци. Во овој договор многу јасно стои дека Македонците остануваат да се нарекуваат Македонци во етничка смисла значи во идентитетска смисла, културна историска, национална и јазична, имајќи го предвид член 7 став 3 во Договорот, смета Катерина Колозова професор по политичка филозофија која долги години наназад ги следи преговорите за спорот со името.

„Значи имате право на тоа именување на користење на придавката во таа смисла и јазикот останува македонски. Не е точно дека ќе има или има било каква фуснота во Обединети нации. Описот дека е тоа јужнословенски јазик стои во билатералниот договор нигде никаква фуснота нема да има затоа што во самите документи на Обединетите нации пишува дека е јужнословенски  јазик. Значи тие две нешта се обезбедени. Според мене во тој случај како се нарекува формацијата држава е помалку важно за идентитетската засегнатост“, кажа проф. д-р Катерина Колозова, ИОХОН – Скопје.

Во политиката треба се биде прагматичен, смета грчкиот писател и преведувач Акис Гаврилидис кој докторирал на филозофија на право и политичка антропологија. Самиот факт дека после 30 години е постигнат Договор е голем исчекор, и покрај фактот дека има незадоволство за одредени аспекти и кај двете страни додава тој.

„По 30 години непријателство и недоверба постои договор. Содржината на договорот не е така важна, тврди дека суверенитетот се почитува. Јас можам да разберам дека макеоднскиот народ се чувствува навреден од ова, тоа е легитимно, логично е. На почетокот кажав дека за мене е проблематичен договор меѓу две држави кои потпишуваат како граѓаните се чувствуваат, што да бидат, и како да се нарекуваат“, кажа Акис Гаврилидис, Collecitif Manifestment БРИСЕЛ.

Досегашните преговори за спорот со името во изминатите години  често пати беа тема на научни дебати и разговори на Колозова и Гаврилидис. Тогаш тие реагирале дека таквите преговори го загрозуваат македонскиот идентитет, но денешната ситуација со Преспанскиот договор нуди нови можности сметаат тие.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ