Тужби за отворањето на паралелно седиште на БЕСА во Тетово

Крилото на БЕСА што го поддржува досегашниот претседател, Билал Касами, ќе ги тужи Неџбедин Каремани и неговите соработници, за отворањето на паралелно партиско седиште во Тетово. Тужби веќе им се поднесени и за злоупотреба на името на партијата, симболите и дел од печатите.

Реџепи е сигурен дека Неџбедин Каремани, кој беше избран од дел од партиските органи за привремен претседател до конгресот, како и неговите поддржувачи, нема да постигнат ништо ниту со тужбите до Управен суд, затоа што не се во право. Во партискиот статут, вели,  не постои можност за разрешување на претседателот од страна на партиските тела, освен од Конгресот и затоа Билал Касами е се уште единствениот легитимен претседател на партијата. На отворањето на новото седиште во Тетово, синоќа, пак,  Каремани изјави дека, БЕСА ќе  ја надмине сегашната фаза и ќе биде уште посилна.

И двете страни тврдат дека веќе работат на организирање на конгресот закажан за 21 февруари. Билал Касами веќе ја најави својата повторна кандидатура.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ