Џафери: Мицкоски ги остави граѓаните на цедило

Со неискажувањето јасен став за референдумот, опозицијата ги остави „на цедило“ и граѓаните и своите пратеници, смета претседателот на Парламентот Талат Џафери. Сосема спротивно на Христијан Мицкоски и неговото „кој сум јас да им кажам на граѓаните што да прават“, 71 пратеник им велат на граѓаните дека треба да се искористи овој историски момент за да се излезе од 30-годишната статус кво ситуација и да се изрази јасна поддршка на интеграциите во ЕУ и во НАТО, потенцира Џафери.

Сега сме концентрирани на 30 септември. Потоа, рече Џафери, следува фазата на уставни измени за која дополнително ќе се разговара со опозицијата. Не верува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се обиде да одолговлекува употребувајќи различни деловнички алатки. 

Договорот со Грција предвидува процесот на уставни измени да заврши до крајот на годината. Вообичаено, од предлагањето до гласањето амандмани на Уставот поминуваат четири до шест месеци. Корекциите на Уставот бараат гласови од најмалку 80 пратеници.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ