
Мичел: Граѓаните да гласаат на референдумот, Мицкоски да ги охрабри во тоа
Македонските граѓани да излезат, да бидат одговоерни, и да гласаат на референдумот, а опозицијата да биде јасна и да ги охрабри граѓаните да гласаат. Оваа порака стигна од помошник државниот секретар на САД во очи на референдумот, кој притоа рече дека одлуката за иднината на земјата е во рацете на граѓаните.
„Ова е одлука која можат да ја донесат само Македонците. Македонија се наоѓа на патот кон Западот веќе долго време и ние ги повикуваме сите Македонци да го практикуваат своето основно право, но исто така и одговорност, да излезат и да гласаат на претстојниот референдум. Мислам дека ова е историска можност и ова пат кон НАТО и ЕУ. Во интерес на Македонија е да се слуше гласот на нејзините граѓани. Не мислам дека ова е момент во историјата кога не сакате вашиот глас да не биде слушнат. Мислам дека е важно да се каже и јасно да го искажете својот став“, изјави Вес Мичел, помошник дражaвен секретар на САД.
Пораката Мичел, како што рече, ја пренел до сите со кои се сретнал денеска, вклучително и на лидерот на опозицијата, Христјан Мицкоски, од кога побарал и да биде јасен за претходниот референдум.
„Пораката до Мицкоски беше иста како на сите мои средби. Бев јасен дека САД ја гледа Македонија како многу значаен пријател и сојузник. Ја цениме безбедносната соработка имаме економски односи. Го повикав да биде јасен и да ги охрабри Македонците да излезат и да гласаат“, изјави Вес Мичел, помошник дражавен секретар на САД.
Мичел го пофали премиерот Заев и неговиот тим за постигнатиот Договор за името, нарекувајќи го историски, Договор кој барал многу жртви од двете страни.
Мичел кој изјавата ја даде пред Владата каде попладнево имаше средба со премиерот Зоран Заев, претходно се сретна со шефот на дипломатијата, Никола Димитров, пратеничките групи во Собранието, вклучително и со опозицијата, како и со собранискиот спикер, Талат Џафери.
Тамара Грнчаровска