
Могерини и Мичел во Скопје
Од Европскиот парламент, Заев се враќа во Скопје во друштво на високата претставничка за недворешни работи на ЕУ Федерика Могерини. Таа пораките ќе ги испрати откако со премиерот ќе ја посети старата скопска чаршија. Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на еу-интеграцијата на земјата“. Премиерот на својот ФБ профил напиша дека по неговото обраќање во ЕП, во Скопје доаѓа заедно со Могерини која „ уште еднаш ќе даде поддршка на сите граѓани за нашиот заеднички пат кон европското семејство“.
Покрај средбата со Заев, на агенадата на Могерини се и средби со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во меѓувреме во Скопје пристигна и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Вес Мичел. Тој ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Македонија во ЕУ И НАТО.