13 години затвор за подведувачката на девојчето од „Ранка Милановиќ“

13 години затвор за трговија со дете доби Мајмире Дестанова која ја продавала по градови, во кафани и на таксисти и се заканувала и ја тепала 12 годишната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“. По 12 години затвор, што е минимална казна за трговија со дете, добија Ерол Јашаров и Сезар Раимов кои сексуално го злоставувале и малтретирале девојчето. Сите тројца на денешното судење признаа вина и рекоа дека се каат.

Дестанова се обиде да ги разубеди судиите и дека не знаела дека девојчето е малолетно. По ова обвинителката побара соодветна казна која ќе одекне во јавноста и ќе испрати порака дека децата не смеат да бидат злоупотребувани и сексуално искористувани туку напротив, заштитувани. Дали ќе се жали на пресудата рече ќе одлучи откако ќе го добие писменото обралзожение. Адвокатот на Дестанова начелно е задоволен но сепак ќе поднесе жалба во надеж дека апелација ке и ја намали казната. Прашува каде е одговорноста и на институциите кои требале да се грижат за девојчето.

И по повеќе од половина година одкако труд и социјала поднесе кривични пријави против 11 стручни лица од Центарот за социјални работи за несовесно работење во служба и запуштање на дете, обивнителство се уште води предистражна постапка и велат дека во овој момент не можат да споделат повеќе детали. Од ресорното министерство велат и дека ги завршиле 12 дисциплинските постапки, но не откриваат каков е исходот, дали и кој бил санкциониран. Од труд и социјала велат дека стручен тим се уште работи со девојчето жртва.

12 годишното девојче повеке од два месеца била надовор од домот „Ранка Милановиќ“ а страдањата и траумите што ги преживувала детално се опишани во обвинението. По речиси секојдневната сексуална експлоатација првообивнетата организирала и присилен брак за девојчето. Голготата најверојатно ќе продолжела но откако Дестанова открила дека девојчето е во рана бременост, од Охрид и купила автобуски билет за Скопје и рекла да абортира и пак да се врати, заканувајки и се дека ако ја открие ќе и го упропасти животот.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ