МАНУ расправа за Спогодбата од Преспа

Спогодбата од Преспа ги зацврстува идентитетските прашања, ги отстранува пречките за забрзана евроатлантска интеграција и отвара бројни економски и инвестициски можности, се согласија првите луѓе на Владата и на МАНУ. Претседателот на Академијата Таки Фити вели дека не постои алтернативно решение.

Премиерот Заев е уверен дека добиваме јасни можности за севкупен развој со признавање на нашиот идентите.

Прв пат се помируваме како два соседни народа, велат министрите Димитров и Османи по преговорите со Грција што ги сметаат за особено тешки.

И амбасадорите на САД, Франција и Германија го истакнаа значењето на договорот.

Првиот претседател на Собранието на независна Македонија ја повика опозицијата да даде поддршка и постави прашање: со кого би преговарал Мицкоски доколку стане премиер и, како што најавува, го откаже договорот.

На забелешката дека во расправата во МАНУ не учествуваат академиците за кои Договорот од Преспа не е прифатлив, Фити одговори дека сите се поканети и имаат право да го искажат својот став, доколку е аргументиран. На дебатата присуствуваа и поддржувачи на ставот „Бојкотирам“. Доставија до Академијата Декларација за, како што велат, црвените линии на македонскиот народ и за задржување на автентичните  македонски вредности.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ