Од Владата зависи кога зелената карта ќе стане дел од осигурувањето

Од политичка одлука на Владата ќе зависи дали зелената карта ќе се спои со полисата за автоодговорност сега, подоцна, или дури со влезот во Европската унија, кога земјава задолжително ќе мора да да го стори тоа. Тоа би значело дека зелената карта ќе ја плаќаат сите при регистрацијата на своите возила. Од земјите во регионот, во моментов само во Македонија и Албанија зелената карта не е вклучена во цената на регистрацијата. Тоа, пак, е предуслов за целосна либерализација на пазарот, која се подготвува, и значи друштвата сами да си ги формираат цените, а не како што е сега, кога нив ги утврдува владина комисија. Што ќе значи либерализацијата за цените?

„Не значи дека може да има корекции нагоре, доколку паралелно се исполнат одрдедени барања, не само од страна на осигурителчната индустрија, туку и барања кои се ставени како забелешки во извештајопт за напредокот на Македонија од ЕК, а таму имаме констатација дека треба да постои нула толерањнција на неосигурени возила, бидејќи кај нхас се уште е висок процентот на неосигурени возила кои се во сообраќајот“, вели Климе Поповски, директор на Агенциоја за супервизија на осигурување.

Ако Владата донесе таква одлука, вели Поповски, на осигурителната индустрија, но и на Агенцијата како регулатор, ќе им треба време од две години за да се подготват и прилагодат на либерализацијата, и за спојување на зелената карта со регистрацијата.

„Искуствата од земјите од регионот, случајот со Хрватска, Бугарија и Романија, покажуваат дека во прв момент доаѓа до страшен пад на цените за автоодговорност, но паралелно со тоа доаѓа и до влошување на финансиската состојба на друштвата за осигурување, па имавме ситуации кога мораше и ЕК да имнтервенира поради несолвентноста на друштвата, па сега имаме обратен тренд, кога цените одат нагоре, во Бугарија се зголемени за 30 отсто“, вели Поповски.

До крајот на следната година Владата треба да го изготви новиот Закон за осигурување, со кој нашата законска регулатива ќе се усогласи со онаа на ЕУ, што всушност ќе значи целосна либерализација на осигурителниот пазар.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ