
Универзитет без корупција
10 месеци по потпишувањето на „Декларацијата за универзитет без корупција” од страна на раководните луѓе на седум универзитети во земјава, сеуште не профункционирала одредбата со која секој универзитет треба да назначи овластено лице за прием на пријави за корупција, каде што студентите анонимно ќе може да пријават незаконски активности на нивните факултети. Ова е предвидено и во новиот закон за високо образование.
Професорката Беса Арифи вели дека според истражувањето спроведено во рамките на проектот Универзитет без корупција, над 20 проценти од студентите на поголемите универзитети во земјата веруваат дека има корупција на нивните факултети. Формите на корупција се различни.
Универзитет без корупција е проект чија завршна меѓународна конференција се одржа денеска во Скопје, каде професори од различни факултети во регионот ги споделија искуствата на своите земји во борбата против корупцијата во високото образование.
Од 2005-та година до 2016 во Македонија се покренати само 4 обвиненија за корупција во високото образование.
Јордан Дуков