
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ, Села ја критикува владата
Партиите на Албанците кои се во опозиција го чекаат отворањето на Уставот, за да испорачаат свои барања. Овојпат ќе бараат изедначување на албанскиот со македонскиот народ, па оттаму и мотото на БЕСА на Биљал Касами во предреферендумската кампања ќе биде „Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент“.
Хоџа не сакаше да открие дали за оваа можност веќе разговарале со премиерот, велејќи дека тоа е втората фаза од целиот процес. Во првата, токму со ова ветување ќе го мотивираат членството што помасовно да излезе на референдумот и да гласа „за“. Раководството на Алијанса за Албанците, пак, ја искритикува владата за скандалите и им порача дека „За се има алтернатива, само за ЕУ и НАТО –не“.
И двете партии нема да држат класични митинзи, туку ќе имаат трибини и средби со граѓани.
Далиборка Дамјанска Цветановска