Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти

Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти меѓу Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања.

Комитетот е формиран на паритетна основа и има седум члена од македонска и седум члена од грчка страна. На чело на македонскиот тим е амбасадорот Виктор Габер, а од грчка страна, претседател е заменик министерот за надворешни Маркос Боларис.

Овој комитет е формиран во согласност со член 8, став 5 од Договорот за името. Во овој став од Договорот пишува дека Заедничкиот комитет ќе има задача да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди.

Комитетот ќе разгледа и ако утврди, можно е да се прави ревизија на било кои учебници, историски атласи, наставни упатства кои се користат и во Македонија и во Греција.

Во ставот 5 од Членот осум пишува и дека комитетот ќе дефинира и временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од страните од идната година, не се користи ниту еден учебник или помошен материјал кој содржи било каков иредентизам.

Комитетот ќе се состанува најмалку два пати годишно, а извештај ќе поднесува на друго тело, кое исто така, треба да се формира согласно Договорот, а кое ќе се вика Совет за соработка на високо ниво, со кој ќе раководат премиерите на двете земји.

За сега од Министерството за надворешни се чува во тајност составот на Комитетот, но се очекува ова тело да набрзо да го одржи првиот состанок.

Предвидено е овој комитет да ги проучи и новите изданија на учебниците.

Неговата работата  ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни на Македонија и на Грција.

Марија Дивитарова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ