
Поддршка за Договорот од научната јавност
Договорот од Преспа не го загрозува македонскиот идентитет. Се задржуваат државјанството и јазикот како македонски, што е оптимално решение, изјави академик Камбовски. Од научна гледна точка, вели, Договорот е апсолутно прифатлив, со што се согласуваат и професорот Поповски и екс амбасадорот Ружин.
Со оглед на состојбите, подобар договор не можеше да се постигне, рече Поповски, додека Камбовски и Ружин предупредуваат на политичката одговорност во повиците за бојкот на референдумот.
Камбовски очекува во процесот на имплементација на Договорот, МАНУ, МНТ, Македонската филхармонија и други институции, да го задржат своето име, но Поповски вели дека другото решение подобро ја отсликува реалноста.
Препораката на овие експерти е, по договорите со Грција и со Бугарија, државата да продолжи да склучува договори со добра волја и со другите земји од регионот.
Соња Николовска